Манер: Копнената операција во Иран е осудена на неуспех

Од:

Пензионираниот генерал-мајор на американската армија, Ренди Манер, изјави дека потенцијалната копнена операција на САД во Иран би била осудена на неуспех, наведувајќи ги ограничените можности на силите што би биле распоредени во таков сценарио.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Манер нагласи дека е „апсолутно апсурдно“ да се очекува дека релативно мали единици, како што се падобранци или маринци со ограничена опрема, би можеле да постигнат значаен воен ефект на иранска територија.

– Бригада што ќе слета меѓу десетици илјади вооружени војници нема да има шанси за преживување, рече Манер, наведувајќи ја разликата во силата и бројноста.

Манер исто така, потсети на искуството од 1979 година, кога САД се откажаа од слична операција, оценувајќи дека исходот би бил катастрофален за вклучените сили.

Во контекст на моменталните тензии на Блискиот Исток, некои аналитичари наведуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува различни опции, вклучително и потенцијално зајакнување на военото присуство во регионот. Според овие проценки, евентуалното распоредување дополнителни трупи би можело да влијае на идните одлуки за понатамошните чекори.

Сличен став изрази и капетанот на американскиот морнарички корпус, Метју Хо, кој верува дека копнената операција во Иран најверојатно би завршила со неуспех, со оглед на сложеноста на теренот, силата на локалните сили и искуството од претходните конфликти.

Овие проценки укажуваат на значајните ризици што би ги повлекло евентуалното ширење на конфликтот, како и на ограничувањата на воените опции во справувањето со сложените безбедносни предизвици во регионот на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво

Иран погуби две лица осудени за убиство на четворица полицајци

Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор

Заканувачка порака до Меланија и Барон Трамп во видео што се поврзува со ирански медиум

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод