Полски католички мисионер е киднапиран од осум вооружени лица во градот Бабуа во Централноафриканската Република (ЦАР), изјави високиот претставник на Полската католичка црква Томаш Атлас.
– Киднаперите рекоа дека се членови на Централноафриканското народно демократско собрание, група која се бори против актуелната Влада, истакна Атлас.
Тој посочи дека киднаперите истакнале дека ќе побараат размена на мисионерот за нивниот лидер, кој во моментот е во затвор во Камерун.