Полската влада планира измени на договорот за квоти на бегалци

Од:

Новата полска влада ја разгледува можноста за измена на одлуката на Европската унија за прераспределбата на бегалци меѓу земјите членки, според која Полска треба да прифати 7.000 бегалци, информираат чешките медиуми.

Како што јави дописникот на МИА, според изјавата на полскиот заменик министер за внатрешни работи Јакуб Скиба, Варшава планира и приклучување кон словачката жалба против обврзувачките квоти за примање мигранти.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ, уште во септември одлучуваа за прераспределба на 120.000 бегалци, кога претседателка на полската Влада беше Ева Копачова, која ја замени актуелната премиерка Беата Шидлова.

– Не планираме да не ја исполниме обврската, туку ја разгледуваме можноста за промена на договорот, рече Скиба кој додаде дека Полска останува на ставот дека е против механизмот за распоредување бегалци. Тој истакна дека на земјата би и се заканувала тужба доколку не го исполни договореното, да прими 7.000 бегалци.

Против одлуката за прераспределба на бегалците во земјите на ЕУ, беа и Чешка, Романија и Унгарија, додека Финска беше воздржана по тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата