Половина од Јужноафриканците се потенцијално заразени со Ковид-19

Од:

Половина од 59-милионското население на Јужноафриканската Република се потенцијално заразени со Ковид-19, покажуваат резултатите од две истражувања, проценувајќи дека илјадници смртни случаи поврзани со коронавирусот не се опфатени со официјалните статистики.

Јужноафриканската Република официјално е најтешко погодена земја со коронавирусот во Африка и таа од мај 2020 година потврдила над 140.000 дополнителни смртни случаи, наведува Јужноафриканскиот совет за медицински истражувања (САМРЦ).

Водечкото приватно здравствено осигурување Дискавери проценува дека 90 отсто од починатите се препишуваат на Ковид-19, што е околу 120.000 смртни случаи.

Според службените статистички податоци, ЈАР има потврдено само 48.500 починати поврзани со коронавирусот на околу 1,5 милиони случаи.

– Смртните случаи поврзани со Ковид-19 се потценети речиси во сите земји во светот, истакна статистичар во Дискавери.

Проценето е дека смртноста поврзана со коронавирусот во Јужна Африка изнесува околу 0,4 проценти. Поаѓајќи од хипотезата дека 120.000 лица подлегнале на болеста, тоа значи дека се заразени повеќе од 30 милиони луѓе, што значи дека станува збор за половина од населението.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски