Околу половина милион луѓе во Алжир ги загубија своите работни места поради затворањето на приватни фирми поврзани со корупција.
Претседателот на Алжирскиот форум на бизнисмени, Сами Акили, потврди дека луѓето биле отпуштени бидејќи некои приватни компании се затворени по истрагата за корупција.
Тој додаде дека секторите за наводнување и градежништво се најмногу погодени.
Според Акили, 70 проценти од фирмите во тие сектори се затвораат и дека „владата не нуди решение за ова“.
-Напротив, средствата на компаниите со финансиски тешкотии се замрзнати, додаде тој.
Неколку месеци од оваа година траеја протестите против претседателскиот план да се кандидира за петти мандат, поради што 82-годишниот Абделазиз Бутефлика ги одложи изборите закажани за 18 април и ја повлече кандидатурата.
Бутефлика е претседател од 1999 година.
Некои Алжирци ја поддржуваат антикорупциската истрага, додека други се спротивставуваат на тоа затоа што веруваат дека истрагата нема никаква врска со корупцијата, туку со Бутефлика.
Покрената е истрага и против братот на поранешниот премиер Саид Бутефлика, поранешни премиери, бизнисмени, високи функционери, шефови на разузнавање.
Распишани се потерници за нивно апсење.