Полицијата во Мјанмар со оружје ги сопре судирите меѓу будисти и муслимани

Од:

Во мјанмарскиот град Мандалај, втор по големина во оваа држава, полицијата денеска употреби огнено оружје за да ги запре судирите меѓу неколку илјади муслимани и будисти. Религискиот бран на протести избувна вчера по веста дека една жена од  будистичката заедница била силувана од страна на група муслимани, кога сакала да пазари во една продавница.

Мјанмарската полиција потврди дека при запирањето на двете разбеснети толпи биле ранети пет учесници во нередите, а ранет е и еден полицаец.

Напнатоста меѓу будистите и муслиманите во Мјанмар ескалираше во 2012 година. Во крвавите судиримеѓу двете религиски заедници, поттикнати од племенските водачи, во јуни 2012 година загинаа најмалку 200 лица, а после судирите Мандалај го напуштиле најмалку 140.000 жители, најголем дел од нив муслимани.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар