Полицијата истражува зошто не е наредена евакуација од потонатиот траект во Јужна Кореја

Од:

Еден ден по несреќата на јужнокорејскиот траект во која загинаа девет лица, а 287 и натаму се водат како изчезнати од вкупно 475 патници, нацијата е во шок и бесна поради се поголемиот број докази дека на патниците не им е дадена вистинска шанса да го напуштат бродот, туку добиле упатство да останат мирни и оти помошта пристигнува.

Според сведочењето на повеќето преживеани, тие истакнале дека на патниците неколкупати им е речено да останат на своите места во кабините кога бродот западнал во неволја во средата наутро.

Тие кои го послушале упатството потоа сфатиле дека е невозможно да го напуштат бродот по што тој нагло се свртел што предизвикало паника. Еден од преживеаните Ким Сунг Мук рече дека се борел да спаси околу 30 ученици кои не можеле да излезат од едната сала околу една четвртина од платформата на бродот.

– Да ни кажеа да излеземе порано, тогаш повеќето од нас ќе можеа да скокнат во морето. Но повеќето луѓе останаа како што им е кажано, рече една од ученичките.

Бродот тежок 6.825 тони почна да се накривува, потоа завршил под агол од 90 степени во однос на водата, а потоа целосно се превтрел и потонал.

Вкупно 179 лица се спасени, а се стравува дека над 287 луѓе се уште се заробени внатре во бродот кој потона.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски