Главниот претставник за безбедност во Тексас рече дека полицијата донела погрешна одлука во врска со масакрот во основното училиште Роб.
„Ако мислев дека тоа ќе помогне, ќе се извинев“, рече Стивен МекКроу за време на прес-конференцијата. Тој рече дека полицајците не влегле во училиштето бидејќи не верувале дека пукањето се уште трае.
На снимката направена за време на нападот се гледа како родителите на децата се обидуваат сами да влезат во училиштето за да ги спасат децата, но полицајците ги спречуваат во тоа. Родителите бараат од полицијата да преземе нешто и да пука во напаѓачот или барем да дозволи тие самите да го направат тоа. Една мајка тврди дека и биле врзани лисици, а против еден родител наводно бил употребен солзавец.
На полицијата и биле потребни 40 минути за да влезе во училиштето
Мекроу потврди дека на полицијата и биле потребни 40 минути за да влезе во училиштето и училницата каде што се случило пукањето. Учениците неколку пати повикале полиција одвнатре, дел од нив се јавиле и од мобилните телефони на веќе убиените колеги и професори.
Полицијата не влезе во училницата до 12:50 часот, рече МекКроу, кога безбедносните сили го употребија клучот од домарот за да ја отворат заклучената врата и да го убијат Рамос.
Потврдено е дека пред училиштето се собрале дури 19 полицајци, но тие не влегле внатре. Откако напаѓачот е убиен, полицијата во негова близина пронашла дури 1.657 парчиња муниција. Да потсетиме, напаѓачот за време на пукањето уби 19 ученици и двајца наставници, а рани уште најмалку 17 други.