Подољак: Русите ја гаѓаат рутата на мисијата на МААЕ

Од:

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска ги обвини руските сили за напади врз градот Енергодар, во чија близина се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, која денеска треба да ја посети мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

– Русија демонстративно го напаѓа Енергодар, долж официјалната рута на мисијата на МААЕ. За тоа да се обвини Украина. Куќи се уништени. Ова е демонстрација на вистинскиот „интерес“ на Русија за инспекцијата. Ова е уште еден доказ за вистинската важност на руските „гаранции“ за секој посредник, напиша Подољак на Твитер.

Нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, од март е под контрола на руските сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област