Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Од:

Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека ги нападнала израелските артилериски позиции со ракети, што е прв прекуграничен напад по серијата пејџери експлозии во Либан во вторникот, пренесува Ројтерс.

„Тајмс оф Израел“ објави дека пред околу еден час од Либан кон Западна Галилеја бил истрелан бараж од 10 ракети. ИДФ соопшти дека ракетите погодиле отворени области, при што и нема повредени.

Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах експлодираа истовремено во вторникот во јужен Либан, а Хезболах денеска соопшти дека бројот на загинати во експлозиите на пејџерите се искачи на 12 откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, објави „Тајмс оф Израел“.

Најмалку 2.750 луѓе беа повредени во експлозиите, а две деца загинаа.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ