Почнаа претседателските избори во Тунис

Од:

Во Тунис денеска се одржуваат претседателски избори на кои нема убедлив фаворит, а главното прашање со кое се соочува земјата се економските проблеми, јавуваат британските медиуми.

Граѓаните на Тунис пред осум години со револуција ја симнаа автократската власт, која подоцна ги инспирира и граѓаните на Египет, Јемен, Бахреин, Либија и Сирија, потестуваат медиумите.

Вниманието на меѓународната јавност, посебно на арапските земји, е насочена кон умерената исламистичка партија Енахда. Граѓаните на Тунис со внимателност ја следат и судбината на медиумскиот могул Накиб Каруи, претседателски кандидат кој се наоѓа во затвор заради обвинение за перење пари и затајување данок, што тој го негира.

Меѓу 26-те кандидати за претседател се и актуелниот премиер Јусеф Чахед, како и двајца поранешни премиери и претседател. Доколку никој од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг, ќе се одржи и втор круг од гласање.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен