Државите од Африканската унија почнаа денеска со 20-та средба на високо ниво на која како главна тема ќе биде француската воена интервенција во северниот дел од Мали.
Претседатели и премиери од 54 држави од панафриканската организација ја почнаа средбата со минута молчење во почит на поранешниот претседател на Гана Џон Ата и поранешниот етиопски премиер Мелес Занауи кои починаа минатата година.
Ситуацијата во Мали ќе биде разгледана и на донаторска конференција в среда во етиопскиот галвен град. На дводневната средба на АУ ќе бидат анализирани и состојби во други конфликтни зони во Африка меѓу кои и источниот дел од ДР Конго, во Гвинеја-Бисао и ЦАР.