Почина спортската легенда Радомир Антиќ

Од:

Прославениот српски фудбалски стручњак, Радомир Антиќ почина попладнево во 72 година од животот.

Тажната вест ја потврди неговиот поранешен клуб, Атлетико Мадрид.

„Атлетико со жалење констатира дека замина нашиот легендарен тренер, Радомир Антиќ.

„Засекогаш ќе биде во нашите срца. Почивај во мир“, стои во веста на клубот од „Ванда Метрополитано“.

Антиќ го предводеше Атлетико до шампионска титула во Примера и беше еден од ретките кои седеа на клупите на Реал Мадрид и на Барселона.

Работеше во голем број на клубови во Шпанија и во Кина, а беше и на кормилото на репрезентација на Србија која ја одведе на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ