Почина шефот на Козa Ностра: Беше безмилосен убиец, фрли момче во киселина

Од:

Почина италијанскиот мафијашки бос Матео Месина – Денаро, кој беше уапсен во јануари откако помина 30 години во бегство.

Месина Денаро (61) во моментот на апсењето боледуваше од рак на дебелото црево.

Бидејќи неговата состојба се влошила во последните недели, тој бил префрлен во болница од затвор со максимално обезбедување во централна Италија.

Денаро не побарал агресивен медицински третман, објави АНСА, а лекарите престанаа да го хранат откако беше прогласено дека е во неповратна кома.

Токму неговата одлука да започне лекување резултираше со негово апсење по посетата на клиниката во главниот град на Сицилија, Палермо.

По апсењето, Денаро шест пати по ред беше осуден на доживотен затвор и затворен во затвор со максимална безбедност во Аквила, каде според достапните информации продолжил со лекувањето.

Познат по прекарот Дијаболик, име на криминалец и протагонист на познатиот италијански стрип чиј обожавател беше и самиот, Матео Месина Денаро беше долгогодишен шеф на Козa Ностра во западната сицилијанска провинција Трапани, иако неговата моќ се прошируваше на Палермо.

Тој беше безмилосен убиец и последен претставник на старата гарда на Коза Ностра.

Во 1992 година, тој беше дел од групата мафијаши испратени во Рим од тогашниот мафијашки бос Салваторе Риина (1930-2017) за да го убијат судијата Џовани Фалконе, познат борец против мафијата.

Неговото најпознато злосторство, а веројатно и најлошото, е убиството на 12-годишното момче Џузепе ди Матео, чиј татко Сантино ди Матео требаше да сведочи против мафијата. Денаро го киднапирал момчето и го држел две години во заробеништво, а потоа го задушиле и телото му го фрлиле во киселина.

Џузепе бил киднапиран на 14 ноември, а на неговиот татко му биле испратени фотографии од мачењето на неговиот син. На крајот го задавиле и го раствориле неговиот труп во киселина за да не се најдат докази.

Но, на крајот проговорија покајниците кои учествуваа во киднапирањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим