Министерот за финансии на Обединетите Арапски Емирати и втор човек на Дубаи, шеикот Хамдан почина на 75-годишна возраст, пренесоа светските медиуми.
Хамдан беше министер за финансии на ОАЕ од 1971 година, а втор човек на Дубаи стана во 2006 година. Тој беше втор син на починатиот владетел на ОАЕ Рашид бин Саид Ал Мактум и постар брат на сегашниот потпретседател и премиер на Емиратите, Мохамед бин Рашид.
„Ние припаѓаме на Бога и ќе му се вратиме на Него … Драг Боже, помилувај го мојот драг брат, мојата поддршка и придружник“, напиша шеикот Мохамед бин Рашид на Твитер.
Засега не е познато од што починал шеикот Хамдан.