Јужноафриканскиот борец против апартхејдот и еден од најблиските соработници на Нелсон Мандела – Ахмед Катрада, почина утрово во 87. година од животот, соопшти неговата хуманитарна организација.
Катрада почина во болница во Јоханесбург по куса болест по операција на мозокот.
На Катрада, заедно со Мандела, му беше судено во 1964 година, што привлече светско внимание на бриталниот правен систем под апартхејдски режим, а во затвор мина 26 години и три месеци.
По завршувањето на апартхејдот, од 1994 до 1999 година беше на функцијата парламентарен советник на тогашниот претседател Мандела во првата влада на Африкианскиот национален конгрес.