Платениот убиец на наркобосот Ескобар пуштен на слобода по одлежани 22 години затвор

Од:

Платениот убиец на злогласниот наркобос Пабло Ескобар е ослободен по одлежаните 22 години затвор заради десетици убиства во  текот на златниот период од трговијата со кокаин, во 80-те години на минатиот век, пишува денеска британски „Гардијан“.

Џон Хаиро Веласкес, попознат по прекарот Попеј, вчера беше пуштен на слобода од добро чуваниот затвор Комбита во Колумбија, откако отслужи околу три петини од казната и поради одобреното намалување на казната заради добро однесување и образование во затворот.

Веласкес (52) беше главниот платен убиец на Ескобар во текот на најкрвавите денови на делувањето на злогласниот Меделински картел, што во САД и Европа испорачуваше кокаин вреден со милијарди долари.

На судењето овој „многу продуктивен“ убиец призна дека убил стотици непријатели на Ескобар во судирите меѓу бандите од подземјето, во борбите за територии или за заштитата на трговските патишта.

Веласкес, во низа интервјуа, во пресрет на предвременото пуштање на слобода, наведе дека „има 80 отсто шанси“ да биде убиен откако ќе биде пуштен од затвор.

Заради заканите од одмазада на ривалите од претходно сторените убиства, Веласкес најави дека размислува за селење во странство и продажба во Холивуд на правата за екранизација на својата автобиографија и „животот покрај Ескобар“. 

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски