Најмалку пет лица загинаа во поплавите кои ги погодија северните делови на Малезија и ги принудија властите да евакуираат повеќе од 100.000 лица.
Според наводите на медиумите станува збор за најголеми поплави кои ја зафатиле Малезија во изминатите неколку децении.
Локалните медиуми пренесуваат дека нивото на водата достигнало висина до два метри и дека куќите целосно се поплавени, а владата се соочува со критики зошто порано не прогласила вонредна ситуација.
Малезискиот премиер Наџиб Разак изјави дека поради особено високото ниво на водата е отежната евакуацијата и дотурот на храна.
Инаку тој се најде на мета на критики откако беа објавени фотографии на кои се гледа како на Хаваи игра голф со американскиот претседател Барак Обама, додека во Малезија беснее невреме.
Е. Г.