Петмина загинати при напад врз тролејбус во Доњецк

Од:

Најмалку пет лица загинаа денеска при артилериски напад на украинските сили врз тролејбус во источноукраинскиот град Доњецк, соопштија проруските сепаратисти.

Како што јави ТАСС, според сепаратистичките власти во Доњецк, тролјебусот бил погоден додека стоел на постојка еден од булеварите во градот.

Истите извори информираат дека при нападот се повредени „неколку лица“, без да прецизираат точен број.

Во друг артилерски напад во близина на Домот на културата во Доњецк, каде била делена хуманитрана помош, претпладнево загинале пет лица.

Локалните властите во Доњецк претходно соопштија дека минатата ноќ во судири во реонот околу градот загинале седум цивили, а уште 23 се ранети.

Украинската армија, пак, од своја страна соопшти дека во борбите во источна Украина во последните 24 часа загинале петмина нејзини војници, а 23 се ранети.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје