Петмина загинати на протест против полициското насилство во Колумбија

Од:

Пет лица загинаа, а над 50 се повредени во насилни протести кои избија како реакција на убиството на маж во Богота, извршено од двајца колумбиски полицајци, се вели во полициското соопштение објавено на Твитер.

Полицијата информира дека на синоќешните протести биле повредени 30 полицајци, а 53 полициски станици, како и 77 автомобили биле оштетени, откако вчера избија немири и демонстрантите се судрија со безбедносните сили, главно во главниот град на Колумбија, јави ДПА.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите кои палеа гуми и контејнери за смет, фрлаа рачно направени бомби и напаѓаа полициски возила, продавници и банки.

Немирите следеа по смртта на аеронаутичкиот инженер и адвокат Хавиер Ордонез (46), кого полицијата го запре претходната вечер во западна Богота.

Двајцата полицајци, наводно, вршеле контроли поврзани со пандемијата на коронавирус и ги обвиниле Ордонез и неговите пријатели за пиење на улица.

На видеото снимено од пријателите на Ордонез се гледа како полицајците го држат на земја и постојано го удираат и шокираат со пиштол за зашеметување и покрај постојаните молби да запрат.

Ордонез потоа бил однесен во полициска станица, каде наводно полицајците го претепале. Поради повредите бил пренесен во блиската клиника, каде починал.

Претседателот Иван Дуке и министерот за одбрана Карлос Холмс Трухиљо ветија „нулта толеранција“ за полициско насилство. Полициските сили и обвинителите најавија истраги, додека двајцата осомничени се ослободени од должноста.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Претседател на колумбиски второлигаш e убиен по поразот на неговиот клуб

Горан Наумовски