Пет лица загинаа во судири во Либан

Од:

Пет лица загинаа, а 26 се ранети во новите судири на верска основа во либанскиот град Триполи, кои се испровоцирани од конфликтот во соседна Сирија, изјавија претставници на силите за безбедност.

Еден војник загина, а неколкумина се ранети, кога армијата интервенирала за да ја смири ситуаицјата. Судирите избиле меѓу алавитите, кои го поддржуваат режимот во Сирија и сунитите.

Во Триполи, каде мнозинството од населението се сунити, чести пати избувнува насилство, испровоцирано од конфликтот во Сирија. Едно лице загина во судирите во вторникот и најмалку 12 во судирите во декември.

Верските поделби на жителите на Трополи го претвори градот во кризна точка во Либан. Конфликтот во Сирија сепак се прошири и во пограничните области и дури и главниот град Бејрут стана спорадична арена на насилство.

Алавитското малцинство во Сирија е главна потпора на режимот на претседателот Башар ал Асад, а бунтовниците се претежно претставници на сунитското малцинство.

Либан, кој во период од 30 години беше под хегемонија на Сирија, е длабоко поделен на приврзаници и противници на Асад.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан