Пет лица загинаа во ракетен напад во Сирија

Од:

Пет лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а исто толку се ранети во ракетен напад врз северозападен град во Сирија под контрола на сириските бунтовници.

Ројтерс не можеше веднаш да потврди кој стои зад ракетниот напад, кој се случи во област во близина на турската граница, контролирана од исламистички бунтовници поддржани од Турција.

Инцидентот уследи по нападот на турски беспилотни летала и воени авиони врз позициите на курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) во Сирија.

Турција претходно соопшти дека нејзините воени авиони уништиле 89 цели во Сирија и Ирак и дека 184 милитанти биле убиени во операциите извршени во претходните два дена.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град