Песков: Трпеливо ги чекаме делата на САД

Од:

Кремљ чека конкретни дела од САД за Русија, со цел да биде јасно какви односи ги очекуваат двете земји во иднина, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

– Слушнавме различни изјави од претседателот на САД Доналд Трамп, истакна Песков, додавајќи дека Москва очекува тие изјави да бидат докажани со дела со цел да биде јасна перспективата за идните односи.

Трамп при обраќањето пред Конгресот, изјави дека САД имаат волја да најдат нови пријатели со кои ги делат интересите, што веројатно индиректно се однесуваше на подобрувањето на односите со Русија.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа