Песков: Со изјавата за нуклеарното оружје, Макрон всушност ги критикуваше САД

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, иронично реагираше на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за недозволивото поставување нуклеарно оружје од една земја на територијата на друга и рече дека тоа се всушност „жестоки критики на САД од страна на францускиот претседател“.

„Помина долго време откако не слушнавме толку жестоки критики за САД од претседателот на Франција“, иронично ја коментираше Песков изјавата на Макрон за телевизијата „Русија 1“, пренесува ТАСС.

Претходно, на прес-конференција во Пекинг, Макрон изјави дека Франција се противи на распоредување нуклеарно оружје надвор од територијата на земјата што го поседува.

На 25 март рускиот претседател Владимир Путин објави дека на барање на Белорусија Русија ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје во таа земја, што, според ТАСС, САД долго време го прават на територијата на своите сојузници.

Би можело да ве интересира

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство