Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Од:

Бидејќи Британија повеќе не е во Европската унија, а германската влада е оптоварена со внатрешни спорови, Емануел Макрон се позиционира како де факто лидер во водењето на европската надворешна политика. Сепак, не сите негови сојузници се убедени дека тој е најдобриот бранител на нивните интереси, пишува Блумберг.

„Скандалозниот коментар на францускиот претседател за можното испраќање војници во Украина предизвика итни критики од германскиот канцелар Олаф Шолц. Зборовите на Макрон ги налутија и американските официјални лица кои стравуваат од директна конфронтација со Москва. Присилувајќи го Берлин јавно да ја отфрли можноста за директна воена интервенција, Париз ја разјасни долготрајната нејасност околу црвените линии на сојузниците“, пишува Блумберг.

Коментарите на Макрон, исто така, немаа многу смисла од оперативна безбедносна гледна точка, особено со оглед на „незабележливото присуство“ на некои западни воени лица во Украина.

ЕУ го поздрави заострувањето на позицијата на францускиот претседател кон Русија. Но, многу членови на овој блок се незадоволни што Макрон не брза да одвои пари за помош на вооружените сили на Украина и „зборува повеќе од нив“.

На пример, Париз сè уште не го исполни својот дел од чешката иницијатива за производство на 800 илјади гранати. Франција даде само две милијарди евра, додека Берлин за Украина издвои 22 милијарди евра.

Освен тоа, Макрон веќе направи неколку грешки во надворешните политички авантури надвор од Европа. Конкретно, нејзината стратегија во Африка се распаѓа бидејќи Париз има големи тешкотии да ги убеди земјите од регионот да го прифатат военото присуство на поранешната колонијална сила.

Би можело да ве интересира

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски

Макрон: Европа треба да се подготви за војна ако сака мир