Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кој траел повеќе од три часа и дека договориле купување на борбени авиони Рафал, за кои ќе бидат потпишани договори во следните два месеци.

„Многу сум среќен поради резултатите од тие разговори, среќен затоа што можевме на отворен и конкретен начин да разговараме за сите видови соработка со една од најважните земји во светот. И, ми се чини, постигнавме некои конкретни договори и за откупот на борените авиони „Рафал“, каде очекувам потпишување на договорот во следните два месеци и со присуство на претседателот на Франција, што е исклучително важно за нашата земја на повеќе нивоа”. изјави Вучиќ по состанокот на Деловниот совет Франција-Србија, на кој се сретна со претставници на француската бизнис асоцијација Движење на француски претприемачи – МЕДЕФ Интернационал.

Што се однесува до летечкото такси, тој рече дека преговара со три француски компании и дека ќе се обиде да го заврши проектот до 2027 година.

„Ќе се обидеме да го решиме прашањето за отпадот, снабдувањето со вода, прочистувачите на вода и управувањето со тој систем. Има многу други работи за кои се заинтересирани француските компании“, додаде тој.

Тој го најави и доаѓањето на модната компанија Луј Витон во Белград во 2026 година.

„Се надеваме дека Луј Витон конечно ќе дојде во Србија во Белград на вода во 2026 година. Толку се боревме за тоа“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека тоа ќе биде исклучително важно за Србија кога е во прашање економијата, но и туризмот.

Тој рече дека со Макрон разговарал и за доаѓањето на нови инвеститори.

„Мораме многу да работиме на отпадот, на претворање на отпадот во најобични и највалкани депонии, но и на тоа како да го искористиме за создавање енергија, и како да го решиме прашањето за водоснабдувањето, квалитетот на водата, чистотата на водата од големо значење што е нешто за што сите ги интересира, за прочистувачи на вода за Белград, за управување со тој систем, што очигледно не знаевме да го управуваме претходните години, но и за многу други работи за кои се заинтересирани француските компании “ изјави Вучиќ.

Тој истакна дека за Србија оваа врска е многу важна за развојот на вештачката интелигенција.

„Затоа што имаме институт за вештачка интелигенција, но тука е сепак сосема општо, не сметајќи ги исклучоците, и мораме да ги поврземе луѓето кои работат и знаат сè за вештачката интелигенција со економијата, за да можеме да ја искористиме на најдобар начин како што прават Французите, Талес и Ербас и многу други компании. Така тие се исто така подготвени да не обучат и да ги доведат нашите луѓе во нивните лаборатории, да го искористат нивното искуство и да тргнеме кон иднината. Енергетскиот сектор е исклучително важен, и нуклеарните реактори, но сето тоа е разговор на долги патеки“, рече Вучиќ.

Тој рече дека Србија мора да работи на развој на нуклеарната енергија за да може да остави безбедна иднина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Лозница нема да знаат што да прават со парите

Горан Наумовски

Макрон: Обидот за атентат врз Трамп е трагедија за демократијата

Вучиќ од Каиро: Нападот врз Трамп е чист чин на омраза

Макрон: Германија и САД се главните противници на Украина да влезе во НАТО

Макрон ги повика гласачите да се соберат зад „републиканските и демократски“ кандидати во вториот круг

Прелиминарните резултати од изборите во Франција: Десничарите доминираат, потоп на партијата на Макрон

Предраг Петровиќ