Песков не го коментира можното посредување на Меркел

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не сакаше да го коментира можното ангажирање на поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, како посредничка меѓу Русија и Украина.

– Не можам да одговорам на прашањето дали госпоѓа Меркел може да игра таква улога во иднина. Таа ги напушти сите функции и слушнавме дека изјави оти нема да се враќа во политиката. Ќе видиме, изјави Песков на прес-конференција, јави Тасс.

Неговата оценка е дека стилот на преговори, избран од Киев, не ѝ донесе ништо добро на Украина.

– Ние сме запознати со овој стил на преговори што на Украина не ѝ донесе ништо добро, смета Песков, коментирајќи ја изјавата на украинската страна за подготвеноста во август да се врати на преговарачка маса.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците