Песков: Намерен напад врз руската воена болница во Алепо, а скромна реакција од светот

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека прецизноста со која била бомбардирана мобилната руска воена болница во сирискиот град Алепо, покажува дека напаѓачите имале точни координати и порача дека Кремљ жали што меѓународната заедница „повеќе од скромно“ реагираше на овој напад.

– Жалиме што меѓународната заедница, вклучувајќи ги и нашите партнери во САД, реагираат повеќе од скромно на трагедијата на гранатирање на нашата болница во Сирија, рече  Песков, а пренесе ТАСС.

Тоа, оцени тој, било многу прецизно изведено бомбардирање.

-Тоа покажува дека милитантите, кои го извеле нападот, имале адекватни координати, смета Песков.

Тој додаде дека Москва би поздравила „поактивен став“ на западните партнери за решавање на хуманитарната ситуација во Алепо.

-Ние многу жалиме што руската страна самостојно се обидува да обезбеди хуманитарна помош за населението кое доаѓа од источно Алепо при беството од заробеништвото во кое ги фрлија милитантите. Во овој контекст би поздравиле многу поактивен став на нашите западни партнери, рече Песков.

Тој, исто така, ги негираше обвинувањата на западните медиуми дека Москва ги избегнува разговорите со Вашингтон за решавање на ситуацијата во Сирија до инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

-Тоа не е вистина, рече Песков одговарајќи на прашање на новинар за коментар на пишувањето на западните медиуми.

Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама разговараа за решавање на ситуацијата во Сирија во текот на неформалната средба за време на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка, што беше оддржан во Лима.

-На неа се согласија да ја продолжат својата работа, рече Песков.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека сириските бунтовници извршиле напад врз мобилна руска воена болница во Алепо и дека притоа погинало едно, а ранети биле две лица, јавија руските медиуми.

Министерството истакна дека одговорноста за овој напад лежи на САД, Велика  Британији и Франција, кои ги поддржуваат бунтовниците, пренесоа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on