Пешмерги, герилци кои се борат од 1961 година

Од:

Пешмерги е име на курдска милитантна група која значи доброволци и постојано воделе војни против Владата во Багдад.

Пешмергите се воено крило основано со цел да бидат официјална војска на држава која Курдите се обидуваат да ја основаат на своите региони во Ирак, Сирија, Турција и Иран. Силите на Пешмергите воделе герилски војни против Владата во Багдад уште од 1961 година и ја поддржаа американската инвазија на Ирак во 2003 година, а моментално водат војна против групата Исламска држава ИС.

Пешмерги е име на курдска милитантна група која во превод значи доброволци. Основана е во почетокотот на 20 век и постојано водат војни против Владата во Багдад. Ја поддржуваа американски и британски сили во текот на инвазијата на Ирак во 2003 година и станаа јадро на војската на ирачката религија Курдистан.

Основање

Пешмергите се основани во почетокот на 20-тите години од минатиот век како борбени сили. Кога Османлиското царство почнало да пропаѓа, се обиделе да наметнат контрола над курдските региони во Ирак и Иран.

Името Пешмерги станало популарно откако курдскиот политичар и интелектуалец Ибрахим Ахмад така го нарекол военото крило на Курдската демократска партија, во чие основање учествувал.

Во наредните години тој термин станал синоним за воени крила на различни курдски политички партии и движења во Ирак, Сирија, Иран и Турција.

Идеологија

Интелектуалната и идеолошка ориентација на Пешмергите зависи од тоа на која политичка партија или движење припаѓаат.

Нивните идеолошки рамки се движат од националистички, преку левичарски до исламистички. Идејата за основање на независна курдска држава се смета за заедничка идеолошка рамка и ги спојува.

peshmergi1

Левица

Во есента во 1961 година почнале судири меѓу Пешмергите и Ирачката влада кога Мула Мустафа Барзани, лидер на Курдската демократска партија, објави револуција и герилска војна против Багдад. Во март во 1970 година Барзаните и Садам Хусеин, тогаш претседател на Револуционерниот совет, потпишаа крај на судирите меѓу ирачките сили и Пешмергите. Со тој договор на Курдите им била дадена автономија во трите северни покраини Сулејманија, Ербила и Дохука, како и право на учество во ирачката влада.

Договорот стапил во сила во 1975 година кога Курдите се повиниле на Ирачката влада, откако иранскиот шах Мохамед Реза Пахлави и свртел грб и го потпишал Алжирскиот договор со Садам Хусеин.

Потоа, Патриотската унија на Курдистан основа нова група Пешмерги и ги става под свое водство. Пешмергите помагале на Иран во текот на војната со Ирак од 1980 до 1980 година. Кога се прогласила зона на забрана на летови по Заливската војна во 1991 година, Пешмергите завладеале со сите курдски региони во Ирак.

Во 90-тите години од 20 век, почнале крвави пресметки меѓу Пешмергите на Курдската демократска партија и Пешмергите на Патриотската унија на Курдистан.

По 11 септември 2001 година борците на Пешмергите заедно со американските сили се бореле против групата Ансар ал-Ислам во северен Ирак.

Во 1998 година лидерите на двете партии на Масуд Барзани и Јалал Талибани потпишаа Вашингтонски договор со кој ставиле крај на судирот.

По 11 септември 2001 година борците на Пешмергите заедно со американските сили се бореле против групата Ансар ал-Ислам во северен Ирак.

Пешмергите пружале помош на американските и британските сили во текот на инвазијата на Ирак во 2003 година, а по падот на режимот на Садам Хусеин презеле задача за одржување на безбедноста во сите курдски делови на Ирак.

Во многу нивни акции учествувале и американски воени сили. Пешмергите во август во 2003 година објавиле дека го уапсиле заменикот на Садам Хусеин, Таху Јашин Рамадан. Откако Курдистан во 2005 година бил признат како федерален ентитет во рамките на Ирак, Пешмергите станале јадро на курдистанската војска.

Според проценките, бројот на борците на Пешмергите се движи од 150.000 до 300.000 припадници. Со новиот устав на Курдистан, на Пешмергите се дозволени акции и на другите делови од ирачката територија, додека на ирачките војници не било дозволено да делуваат на територијата на Курдистан освен со дозвола на Курдистанската влада.

Според проценките, бројот на борците на Пешмергите се движи од 150.000 до 300.000 припадници. Во јуни 2014 година силите на Пешмергите го бранеле Киркук и северниот дел на Мосул од нападите на групата на ИС, по колапсот на ирачките сили во северните и западните делови на земјата.

Во август во 2014 година американските воени советници почнале да пружаат помош на Пешмергите и ирачката војска со цел да ги спасат животите на илјадници језиди кои биле во бегство од групата на ИС.

Американската авијација почнала да задава удари на ИС откако се приближиле на Ербил, главно во градот на ирачкиот регион Курдистан. Истовремено и Пешмергите војуваат против ИС, кој под контрола држи неколку региоони во северен и западен Ирак.

Ал Џезира – Доха

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати