Первез Мушараф доби доживотна забрана за извршување јавна функција

Од:

Судот во пакистанскиот град Пешавар денеска му изрече доживотна забрана за извршување на јавна функција на поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф.

Адвокатот на Мушараф, Саад Шибли изјави дека поранешниот претседател има намера да ја обжали ваквата одлука пред Врховниот суд на Пакистан. Новата забрана следи откако претходно Судот во Пешавар музабрани на Мушараф да се кандидари на парламентарните избори што се закажани за 11 мај, поради злоупотреби на функцијата што ги извршил додека беше на власт.

По неколкугодини минати во егзил, Мушараф минатиот месец се врати во Пакистан со намера да учествува на изборите за членови на Парламентот, со цел, како што најави, „да ја спаси земјата од колапс“.

Меѓутоа, набрзо по враќето во земјата му беше изречена мерка куќен притвор во неговата вила во Исламабад, поради „противзаконско разрешување на судии“ откако воведе вонредна состојба во Пакистан во ноемрви 2007 година.

Судот во Ривалпинди претходно денеска муја продолжи мерката куќен притвор на Мушараф за 14 дена под обвинение дека сноси одговорност за убиството на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто во декември 2007 година.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран