Пенс ѝ честиташе на Камала Харис во првиот контакт меѓу двете администрации

Од:

Потпретседателот на САД Мајкл Пенс ѝ телефонирал на својата наследничка Камала Харис и ѝ честитал за назначувањето на позицијата, според две лица запознати со нивниот разговор, кои побарале да не бидат именувани, јави Си Ен Ен.

Ова е прв контакт меѓу избраните членови на администрацијата во заминување и администрацијата која доаѓа, додека сегашниот претседател Доналд Трамп не разговарал со избраниот претседател Џо Бајден и повеќепати ја оспори неговата победа.

Едно лице упатено во разговорот што се одржал во четвртокот попладне по локално време, го опиша како „добар“ и додаде дека Пенс и ја понудил својата помош на својата наследничка.

Пенс и Харис разговараат пет дена пред новата администрација да стапи на должност.

За разлика од Трамп, Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност