Пелоси изрази загриженост заради растечките тензии на Корејскиот полуостров

Од:

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска од Сеул изрази загриженост поради растечките тензии на Корејскиот полуостров.

dobivaj vesti na viber

„Начинот на кој растат заканите од Северна Кореја ги загрижува двете страни“, се наведува во заедничкото соопштение на Пелоси со претседателот на јужнокорејскиот Парламент, Ким Џин-пјо, притоа алудирајќи на севернокорејската нуклеарна програма.

Истовремено двајцата изразија поддршка на политиките на Вашингтон и на Сеул кон Северна Кореја.

Напорите за денуклеаризација на Северна Кореја и воспоставување мир преку меѓународна соработка и дијалог се базираат врз „силна и интензивна политика на одвраќање“, што е поддржано од јавноста во САД и Јужна Кореја.

Под „интензивна политика на одвраќање“ САД подразбираат целосна воена поддршка на одбраната на Јужна Кореја, вклучувајќи и нуклеарно оружје.

Северна Кореја спротивно резолуциите на ОН неколкупати годинава изврши тестирање на своите нуклеарни капацитети. Пјонгјанг во исто време ја осудува непријателската политика на Вашингтон.

Односите меѓу двете кореји, како и тајванското прашање се меѓу најгорливите прашања на светската политичка сцена.

Пелоси во рамки на својата азиска турнеја во Сеул допатува од Тајван, потег што наиде на остра осуда од страна на Кина која го смета островот за дел од својата територија.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

Кинески авиони и бродови изведуваат симулиран напад врз Тајван

Горан Наумовски

Што ќе се случи ако Кина сепак го нападне Тајван?

Полетаа и воените авиони на Тајван: Дали следи нов конфликт?

Најнова вест од западните медиуми: Путин бара помош од Северна Кореја

Повеќе од сто општини немаат вода за пиење во Франција

А1он

Холандската влада ќе разговара со фармерите за планот за намалување на емисиите на штетни гасови

А1он