Парламентот на Тунис ја поддржа технократската Влада

Од:

Парламентот на Тунис, со тајно гласање, денеска и изгласа доверба на технократската Влада на премиерот Хишем Мешиши, во обид да се стави крај на повеќемесечната политичка криза и колапсот на националната економија.

За кабинетот гласаа 134 пратеници, а неопходни беа 109 гласа во парламентот со 217 места. Против беа 67.

Ова е трета Влада на Тунис од минатогодишните парламентарни избори.

Доколку владата на 46-годишниот независен политичар Мешиши не беше одобрена од пратениците, претседателот Каис Сајед можеше да го распушти Парламентот и да распише нови избори.

Новата влада на Тунис има 25 министри и тројца државни секретари. Тие не се членови на политички партии и се академици, државни службеници, бизнисмени и експерти.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен