Папата Франциско изјави денеска дека самитот на Г-20, кој се одржува во Хамбург, го „загрижува“ поради потенцијалните „многу опасни сојузи“ меѓу светските лидери, кои можат да имаат штетни последици за мигрантите.
– Загрижен сум поради многу опасните сојузи меѓу силите кои имаат лоша верзија за светот: САД и Русија, Кина и Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот лидер Башар ал Асад поради војната во Сирија, истакна папата во интервју за италијанскиот весник „Република“.
Тој нагласи дека миграцијата е голем проблем денес, а самитот на Г-20 го загрижува бидејќи најмногу ги погодува мигрантите.
– Опасноста се однесува на миграцијата. Наш главен и за жал се поголем проблем во светот денес се сиромашните, слабите и игнорираните, меѓу кои се и мигрантите. Затоа ме загрижува Г-20. Најмногу ги погодува мигрантите, додаде папата Франциско, укажувајќи на земјите кои „се плашат од мигрантска инвазија“.