Панета ги предупреди одговорните за нападот во Алжир дека нема каде да се кријат

Од:

 Американскиот министер за одбрана Лион Панета изјави денеска дека вооружените борци, кои ги нападнале САД и нивните државјани, ќе бидат барани „под дрво и под камен“. Ова е прв коментар на американски висок претставник за заложничката криза во Алжир.

– На терористите треба да им биде јасно дека нема да можат никаде да се скријат, ниту во Алжир, ниту во северна Африка, никаде, истакна тој во обраќање пред експертите за безбедност во Лондон.

Екстремистичката група од Мали „Маскирана бригада“ денеска ја презеде одговорноста за киднапирањето на десетици луѓе во наоѓалиштето на гас во јужниот дел на Алжир и се закани со нови напади. „Маскирана бригада“ која е поврзана со Ал Каеда ги предупреди Алжирците да ги избегнуваат објектите на странските компании, бидејќи како што напомена „ќе нападнеме кога најмалку се очекува“.

Францускот премиер Жан Марк Еро изјави дека алжирската Влада соопштила оти операцијата за спасувањето на заложниците се уште трае.

– Штотуку зборував со алжирскиот премиер, кој потврди дека операцијата продолжува, рече Еро, додавајќи дека е во постојан конктакт со владите на другите засегнати земји.

Светските агенции претходно јавија дека неколку заложници и 18 терористи се убиени во заложничката драма во Алжир.

Еро ја потврди смртта на неколкумината заложници, но напомена дека точната бројка и нивната националност се уште не се познати.

Алжирската армија вчера почна напад врз објектот, кој се наоѓа на околу 40 километри од Ин Аменас. Алжирските медиуми јавија дека во синоќешната акција на безбедносните сили ослободени се 600 алжирски работници, а дека е неизвесна судбината на десетина државјани на САД, на Франција, на Норвешка, на Малезија, на Романија, на Алжир, на Велика Британија и на Јапонија.

Заложничката криза во Алжир почна завчера, кога борците поврзани со Ал Каеда го зазедоа комплексот за гас „Ин Аменас“ и земаа за заложници локални и странски работници.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари