Палестинците и Сирија се договорија за воена опција за ослободување на кампот „Јармук“

Од:

Палестинските автономни власти и сириската Влада постигнаа договор за употреба на воена сила за протерување на џихадистите од групата Исламска држава од палестинскиот бегалски камп „Јармук“, што се наоѓа во близина на Дамаск.

Како што соопшти денеска палестинскиот министер за труд Ахмад Мајдалани, со договорот се утврдени начините за протерување на џихадистите од „Јармук“.

– Военото решение е единстевниот начин за протерување на овие терористи, изјави Мајдалани за радиото Гласот на Палестина.

Тој нагалси дека сириските валсти се согласиле да им овозможат на палестинските бегалци безбедно напуштање на „Јармук“ и да им обезбедат сместување надвор од кампот.

Мајдалани е на чело на палестинската владина делегација што престојува во Дамаск на разговори со сириските власти околу кризата во „Јармук“.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град