Палестинците бараат од ОН рок за повлекување на Израел

Од:

Палестинците се „подготвени и имаат желба“ да видат дали Советот за безбедност на ОН има „политичка волја“ да усвои резолуција со рок за прекин на израелската окупација и основање на палестинска држава, изјави палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур.

Тој истакна дека усвојувањето на таква резолуција би било „една од најефективните мерки за борба против екстремизмот во нашиот регион, бидејќи екстремистите поттикнуваат неправда кон палестинскиот народ“.

– Ако постои праведно решение за овој судир во краток временски период, тогаш ќе им го одземете главниот извор на регрутирање и мобилизација, нагласи Мансур, додавајќи дека тоа би придонело за решавање на можеби 70 отсто од „горливите прашања на Блискиот исток“.

Мансур смета дека „клучот го имаат САД“. Американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе ја преиспита политиката на својата земја кон Израел по изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека нема да дозволи создавање на палестинска држава доколку повторно му биде дадена поддршка на изборите, кои се одржаа минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски