Палестина: Израел ја избегнува обврската да обезбеди вакцини за окупираната територија

Од:

Палестинските власти денеска соопштија дека очекуваат првите дози од вакцината против Ковид-19 да ги добијат во март, во договор со производителот на лекови „АстраЗенека“, притоа обвинувајќи го Израел за заобиколување на обврската да обезбеди достапност на вакцините на окупираните територии.

Британските медиуми пренесуват дека иако Израел веќе е светски лидер во вакцинирањето против коронавирусот, Палестинците на окупираниот Западен брег и во Појасот Газа се уште не ги обезбедија своите први залихи.

Генералниот директор на палестинското јавно здравје, Јасер Бозје, за британските медиуми изјави дека Палестинците, покрај начелниот договор со „АстраЗенека“, побарале и набавка на вакцини и од компаниите „Модерна“, Џонсон & Џонсон“ и од Русија, кои ја развија вакцината „Спутник V“.

Вакцини треба да дојдат и преку програмата за вакцинирање на Светската здравствена организација за земјите со ниски и средни примања.

Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Израел ги игнорира должностите како окупаторска сила и го дискриминира палестинскиот народ, лишувајќи го од правото на здравствена заштита.

„Потрагата на палестинското раководство да обезбеди вакцини од различни извори не го ослободува Израел од одговорноста пред палестинскиот народ во обезбедувањето вакцини“, се наведува во соопштението на палестинското МНР.

Британските медиуми наведуваат дека израелската програма за вакцинација ги вклучува арапските граѓани и Палестинците од Источен Ерусалим.

На Западниот брег, меѓутоа, вакцините им биле дадени само на израелските доселеници, но не и на Палестинците, кои добиваат здравствени услуги од палестинските власти.

Групите за човекови права, вклучително и Амнести Интернешнл, велат дека Израел има законска обврска да обезбедува вакцини за Палестинците кои живеат под окупација.

Израелските власти соопштија дека ќе можат да ги споделуваат вакцините со Палестинците откако ќе бидат задоволени потребите на Израел.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он