Пакистанскиот премиер за „нов почеток“ со Индија

Од:

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска побара „нов почеток“ во односите со Индија, како коментар на тензиите меѓу двете земји за спорниот регион Кашмир.

Престрелки во текот на последните недели на линијата што го дели Кашмир на индиски и пакистански дел, доведоа до пораст на тензиите меѓу двете соседни држави, кои имаат нуклеарно оружје.

– Од клучно значење е Индија и Пакистан да станат добри пријатели. Да почнеме од почеток. Да седнеме и на пријателски начин и во мирна атмосфера да ги решиме сите актуелни проблеми, наведе Шариф.

Индиската армија денеска го обвини Пакистан за користење на огнено оружје на линијата што го разграничува Кашмир. Тензиите се посебно високи по минатонеделното убиство на петтемина индиски војници, за што Владата во ЊуДелхи ја обвинува пакистанската војска.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран