Пакистански суд нареди да биде уапсен поранешниот претседател Первез Мушараф

Од:

Пакистански суд нареди денеска да биде уапсен поранешниот претседател Первез Мушараф, но тој побегна пред да биде приведен, јавија западни медиуми.

Судската одлука беше донесена во врска со обвинувања за поставување судии во домашен притвор за време на извршувањето на функцијата на поранешниот претседател.

Личното обезбедување на Мушараф брзо го одведе од судот во Исламабад и не дозволи полицајци кои го чекаа пред зградата да го приведат.

Времената гаранција за Мушараф за случајот со судиите истекуваше денеска и поранешниот претседател се јави во судот за да побара продолжување на мерката. Судот не му даде право за ослободување со гаранција и ја поништи претходно дадената гаранција за него со која тој можеше да се врати во Пакистан. Мушараф се врати во Пакистан минатиот месец по речиси четиригодишен егзил.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран