Пакистанската полиција го обвини Мушараф за уште едно убиство

Од:

Пакистанската полиција го обвини поранешниот претседател на земјата Первез Мушараф за смртта на радикалениот имам Абдул Рашид Гази во 2007 година за време на воена опсада на едно верско училиште во Исламабад.

Гази беше убиен при напад на армијата врз Црвената џамија и женското верско училиште во нејзиниот круг. Мушараф издаде наредба војската да ја нападне џамијата, во која беа стационирани приврзаниците на Гази кои водеа повеќемесечна кампања за воведување на шеријатскиот закон во Пакистан. При операцијата, која доведе до зголемување на екстремистичкото насилство во Пакистан, загинаа повеќе од 100 лица.

Полицијата соопшти дека обвиненијата се покренати по барање на суд во Исламабад. Мушараф беше на власт во Пакистан од 1999 до 2008 година и против него досега се покренати неколку обвиненија. Судот за антитероризам минатиот месец започна процес против него под обвинение за убиство на премиерот Беназир Буто. Владата на премиерот Наваз Шариф планира, исто така, да поднесе тужба против него поради прекршување Уставот.

Мушараф од април се наоѓа во домашен притвор во својата резиденција во близина на Исламабад.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран