Пакистан: Во бомбашкиот напад убиени 57 луѓе

Од:

Бројот на жртвите од бомбашкиот напад на пазарот во северозападен Пакистан се искачи на 57 лица.

Шиитскиот лидер Хамид Али соопшти денеска дека 167 лица се повредени во вчерашните експлозии во градот Парачинар, кој е седиште на племето Курам, а граничи со Авганистан.

Експлозиите одекнале додека луѓето купувале храна на пазарот. Според очевидци, една од бомбите била поставена на мотоцикл.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Ова е најсмртоносен напад во Пакистан од почетокот на Рамазанскиот пост на 11 јули.

Парачинар, град во кој живее голема шиитска заедница, последниве години беше место на неколку крвави напади, при што глави цели беа локалните шиити, кои од страна на сунитските екстремистички групи се обвинувани дека погрешно го практикуваат исламот и дека се агенти на Иран.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран