Пакистан тестира ракета со мал дострел, способна да пренесува нуклеарно оружје

Од:

Пакистан денеска успешно истрела ракета земја-земја со мал дострел, способна да носи нуклеарна боева глава, изјави пакистански воен претставник, цитиран од ДПА.

Ракетата НАСР може да носи стратегиски и конвенционални ракети на растојание од 60 километри.

Ракетата за време на летот е премногу прилагодлива на условите на теренот што нејзината нуклеарна глава е во состојба да ја погоди целта со висока точност, соопшти порпаролот на армијата,  генерал-мајор Асим Салим Баџва.

Ракетата, според него, може да ги надмудри сите познати системи за противракетна одбрана.

Пакистанските ракети се насочени главно кон неговиот сосед и најголем непријател Индија, која, исто така, располага со голем арсенал од ракети, способни да погодат големи пакистански градови.

Двете нуклеарни сили, од 1947 година, кога се стекнаа со независност од Велика Британија, досега водиле три војни меѓу себе – од кои две за спорната хималајска област Кашмир, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран