Пакистан ослободи седуммина авганитански талибанци

Од:

Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека властите во Исламабад одлучиле да пуштат од затвор седумина уапсени талибанци, оправдувајќи го таквиот чекор со желбата на Пакистан да се помогне мировниот процес во соседен Авганистан.

Меѓу седуммината ослободени барем еден е поранешен познат милитатнт, се вели во соопштението. Станува збор за Мансур Дадулах, кој беше воен командант во четири најнемирни јужни авганистански провинции, пред да биде фатен и уапсен во февруари 2008 година, по престерелките со пакистанските безбедносни сили во провинцијата Белуџистан.

На местото воен командант, тој го наследи својот брат кој во 2007 година беше убиен во една заедничка операција на авганистанските сили и на војниците на НАТО во Авганистан, но по само една година беше сменет од раководството на талибанците.

Во изминатата година беа ослободени 26 талибанци кои беа затворени во Пакистан.

Минатиот месец,авганистанскиот претседател Хамид Карзаи престојуваше во Исламабад на разговори со пакистанскиот премиер Наваз Шариф, за можноста за покренување на мировните разговори меѓу властите во Кабул и талибанците. Овие разговори требаше да почнат во јуни во главниот катарски град Доха.

Во Авганистан се верува дека талибанците се кријат во Пакистан, од каде влегуваат за да извршуваат напади на авганистанска територија. Официјален Кабул се сомнева дека делови од пакистанската разузнавачка агенција ги помага талибанските бунтовници.

Премиерот на Пакистан Шариф, меѓутоа сега вели дека Исламабад сака целиот регион да помогне за стабилизирање на Авганистан.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран