Пакистан: Екстремисти нападнаа електрана, седум загинати

Од:

Седум лица загинаа во нападот на екстремистите на електрана во Пешавар, во северозападен Пакистан.

Неколку десетици вооружени бунтовници влегле во електраната и убиле две лица, а киднапирале девет, соопшти Гранулах Кан, од полицијата.

Тој додаде дека бунтовниците при бегството убиле пет од нив, додека четворица се водат како исчезнати.

-Во нападот на електраната која е во близина на границата со Авганистан убиени се три полицајци и четири вработени лица, изјави Кан.

Електраната е оштетена, а делови од Пешавар останаа без струја. Ниту една организација не презеде одговорност за нападот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран