Убиените деца биле на возраст меѓу седум и 11 години. Членовите на семејството на некои од нив ги потврдија нивните имиња.
Вкупниот број на жртви во крвавиот напад на основното училиште Роб во Увалде, Тексас, се искачи на 21, а загинаа 19 ученици и двајца учители, пишува Дејли мејл.
Една од убиените учителки е Ева Мирелес (44), а другата е Ирма Гарсија (46), мајка на четири деца и вработена во училиштето 23 години.
И двете жени беа наставнички во четврто одделение и се чинеше дека се блиски пријателки, пренесуваат американските медиуми.
Убиените деца биле на возраст меѓу седум и 11 години. Членовите на семејството на некои од нив ги потврдија нивните имиња.
Животот го загубија 10-годишниот Ксавиер Лопез, Елијахана Торес и Макена Елрод и осумгодишниот Узија Гарсија.
Меѓу убиените е и малото девојче Ели Гарсија.