Осуммина загинати во напад на џихадистите врз хотел во Триполи

Од:

Најмалку осум лица, вклучувајќи и петмина странски државјани, се убиени во напад на џихадистите од Исламска држава врз луксузниот хотел „Коринтија“ во Триполи, сооопштија денеска либиски безбедносни претставници.

Меѓу загинатите се две жени, лице од безбедноста, како и двајца напаѓачи, за локалната телевизија изјави директорот на либиските специјални одбранбени сили, Махмуд Хамза, пренесоа британските медиуми.

Хамза не ја соопшти националноста на загинатите странци.

Борци на Исламска држава во Либија денеска ја презедоа одговорноста за нападот врз луксузниот хотел „Коринтија“ во Триполи.
Во пораката на Твитер, огранокот на Исламска држава во западна Либија соопшти дека нивните џихадисти упаднале во хотелот, познат по тоа што во него најмногу престојуваат странски дипломати и либиски официјални претставници.

Локалната полиција претходно денеска соопшти дека вооружени напаѓачи упаднале во луксузниот хотел во Триполи и зеле заложници, по што убиле најмалку тројца припадници на обезбедувањето на хотелот.

Менаџерот на хотелот, Хасан ал-Абеј, изјави дека петмина маскирани напаѓачи упаднале во хотелот, пукајќи во воздух. Ал-Абеј додаде дека хотелот бил евакуиран пред напаѓачите да се судрат со обезбедувањето и дека тие на паркингот пред хотелот активирале автомобил-бомба.

Би можело да ве интересира

Најмалку 13 загинати во судирите во главниот град на Либија

Улични борби во Триполи

Силите на генералот Хафтар го гранатирале Триполи

А1он

Во нападот на Воената академија во Триполи најмалку 30 загинати

Едно лице загина при напад на аеродромот во Триполи

Над 120 загинати и 500 повредени во борбите околу Триполи