Осум жени и деца убиени во Сирија

Од:

Во интензивно гранатирање од страна на сирискиот режим убиени се осум жени и девојче во јужната провинција Дара, соопштија опозициски активисти.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон, објави дека во напад во градот Караку, во источниот дел на провинцијата Дара, загинале четири жени и четири девојчиња.

Сириските државни медиуми пренесуваат дека се убиени 18 опозициски борци, вклучувајќи државјани на Јордан, Саудиска Арабија и Чеченија, не спомнувајќи цивилни жртви.

ОН соопштија дека повеќе од 6.000 деца се наоѓаат меѓу над 93.000 луѓе кои се убиени во граѓанската војна во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град