Осум патници загинаа во експлозија на автобус во Пакистан

Од:

Најмалку осум лица загинаа, меѓу кои и жени и деца, а седум се ранети во експлозија на бомба поставена во автобус во северозападен Пакистан, соопшти денеска пакистанската полиција.

Експлозијата се случила кога автобусот минувал низ преполн пазар на релација од Пешавар до околен град, изјави претставникот на полицијата Фазал Вахид Кан.

Сите ранети се пренесени во болница. Возачот на автобусот, кој не е повреден, изјави дека експлозивот бил ставен под едно од седиштата. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Пешавар е главен град на провинцијата Кибер Пактунква, на границата со Авганистан.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран