Осум новороденчиња загинаа во пожар во породилиште во Алжир, соопштија локалните власти.
Локалните електронски медиуми објавија дека пожарот избувнал во четири часот наутро во болницата во градот Ел Оед, 600 километри југозападно од главниот град.
Нема извештаи за повредени возрасни лица.
Во извештајот се вели дека премиерот наредил истрага, додека министерот за здравство ја посетил болницата.